Вардар е веќе пласиран во ТОП 16 фазата од Лига Европа, а на 2 декември ќе го игра последниот дуел од групната фаза против Тулуз. На тој меч и официјално ќе го прослави минувањето меѓу најдобрите екипи во Лига Европа.
Пуштени се во продажба се билетите за последниот домашен меч од групната фаза против Тулуз.
Цените на билетите се по 200, 250 и 300 денари во зависност од местото на седење во салата “Јане Сандански”.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








