Натпреварот од Супер Купот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе се одигра во Струмица во салата “Парк”.
Оваа одлука беше донесена од Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Тимот на Астраион од Струмица на социјалните мрежи објави дека се пуштени во продажба билетите за Супер Купот, по цена од 150 денари.

(фото – Рк Астраион)📷