За следните два домашни натпревари од главната фаза во Лигата на Европа во продажба се пуштени блок билети за двете средби на Вардар, со Мелсунген и со Бенфика.
Една недела ќе трае продажбата на блок билетите по оваа цена, а потоа ќе продолжи продажба, но на поединечни билети кои ќе имаат повисока цена.
Со блок билетите го резервирате вашето седиште за двете средби на Вардар во Лига Европа. Најевтините блок билети за двата натпревари чинат само 300 денари.
Продажбата на блок билетите ќе се одвива преку онлајн платформата на www.ticketx.com.mk и на блетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








