Во Ресен се одигра турнирот “РК Преспа за Зоки, Були и Котле”

Трета година по ред беше организаран ревијалниот натпревар под мотото “РК Преспа за Зоки, Були и Котле” легенди на ракометот од Ресен – Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски.

На овој натпревар настапија актуелни ракометари на македонскиот ракомет и ракометари кои во минатото заедно настапувале со Зоки, Були и Котле.

На овој настан присутни беа и поранешните македонски репрезентативци Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и Гоце Георгиевски.

(фото – Рк Преспа 2015)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.