Во Свети Николе пуштено во употреба игралиште кое ќе го носи името на Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар, а од минатата сезона и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денес доби свое мултифункционално игралиште во Свети Николе, кое и официјално го пушти во употреба.

Во организација на Видеолотарија на Македонија, легендата на македонскиот и светиниколскиот ракомет Кирил Лазаров, автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели денес беше пуштен во употреба овој велелетен проект во Свети Николе, насловен како мултифункционалното спортско игралиште ,,Кирил Лазаров “.

(фото-Фејсбук/Кире Лазаров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.