Изминативе неколку денови во Скопје се одржа голем ракометен собир „Global Handball Summit 2023“, каде беа собрани големи ракометни имиња и тренери.
На настанот беа присутни Давид Дејвис, Ненад Шоштариќ, Лино Червар, Кире Лазаров, Серхио Санчез, Антонио Карлос Ортега, Матс Олсон, Марија Лојаница, Славе Николов и Ѓорги Начевски и други.
Настанот го отвори генералниот секретар на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), проф. д-р Сашо Поповски. Учесници имаше и од Македонија.
Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), Даниел Димевски додели сертификати на предавачите и учесниците на самитот кој што беше под покровителство на Македонскиот олимписки комитет.
(фото – Global Handball Summit 2023)📷