Во супер ефикасен натпревар, Голден Арт забележа нов триумф во Супер лигата против Јуниор Кисела Вода

Екипата на Голден Арт забележа нов триумф во Супер лигата, откако на домашен терен го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода со резултат 36-34.

По почетното водство на гостите од 2:3 и 4:5, Голден Арт ја презеде иницијативата и од минута во минута, најпрво го израмни, а во последните десетина минути и создаде пристојна разлика од три погодоци.

Вториот дел, резултатски, беше комплетно израмнет, а позитивата која ја имаше домашниот тим, на неколку пати ја зголеми и на четири погодоци.

Одличната одбрана на домашните, која на овој натпревар не беше поддржана од голманите на Голден Арт, надополнета со одличната партија на Ивица Илиев како лидер во нападот, но и реализаторски расположениот Мице Шилегов, го одржуваше домашниот тим на сигурна разлика, за конечен триумф и нови важни бодови.

Најефикасен во екипата на Голден Арт беше Ивица Илиев со 12 погодоци, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Никола Матовиќ исто така со 12 погодоци.

(фото-Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести