Во тек е продажбата на сезонските карти на Охрид

Во тек е продажбата на сезонски карти за натпреварите на Охрид во натпреварувачката 2024/25, која ќе трае до мечот со Бутел Скопје, што ќе се одигра претстојниот викенд.

Сезонските карти ќе се продаваат исклучиво на билетарата на СРЦ „Билјанини Извори“. Цената на сезонска карта со официјален дрес од ГРК Охрид изнесува 2500 денари.

Сезонските карти важат за сите домашни натпревари во Супер лигата и плеј-оф натпреварувањето, како и Куп елиминациските натпревари.

Напомена: Сезонските карти не важат за натпреварите на Охрид во Европскиот Куп на ЕХФ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *