Врвен стручњак во сегментот на психологијата и психодијагностиката на кампот во Охрид

Д-р Кристина Егуменовска, врвен стручњак во сегментот на психологијата и психодијагностиката на кампот во Охрид.

Паралелно со развојот и подигнување на квалитетот на работа во однос на ракометната игра, организаторот на ракометниот камп „40х20“ работи на подигнување на психолошката подготовка на камперите, идните спортисти и одговорни личности. За таа цел втора година на кампот во Охрид, овој пат во текот на целото времетраење на истиот, со учесниците на кампот ќе работи Д-р Кристина Егуменовска од тимот на “Жан Митрев”, европско лиценциран психотерапевт, психодијагностичар, со богато меѓународно искуство во работа со млади во Словенија, САД и Италија, и секако со студенти како универзитетски професор.

Со учеството на Др Егуменовска на кампот во Охрид, организаторот укажува на потребата од психолошка подготовка на еден спортист, но и млада личност во насока на постигнување на врвни резултати на било кое поле, вклучувајќи го и спортот.

(фото – Ракометен Камп “40×20”)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести