Втора година по ред ќе се одржи ракометниот и ревијален натпревар под мотото ,,РК Преспа за Зоки, Були и Котле”.
Во чест на ракометните легенди Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски. Настанот ќе се одржи на ден 22.07.2023 (сабота) со почеток во 18:00 часот во спортската сала Зоран Стојановски во Ресен.
Натпреварот ќе се одржи помеѓу ракометари кој настапувале заедно со Зоран Стојановски, Булент Ибрахим и Илче Котевски и актуелната екипа на Преспа поддржана со играчи кој настапуваат во Супер Лигата (кои го носеле дресот на Преспа).
Од екипата на Преспа ќе доделат благодарници и дресови на нивните фамилии и на спонзорите кои даваат поддршка на клубот.
(фото – Рк Преспа 2015)📷