Екипата на Шампион ја забележа втората победа во Првата лига, откако на свој терен ја совладаа екипата на Партизан Гевгелија со 32-25.
Во првиот дел имаше доста израмнета борба, но Шампион го презеде водството на полувреме од 12-11. Во вториот дел Шампион ја зголеми предноста за на крај да забележи втора победа во Првата лига.
Најефикасен во екипата на Шампион беше Христијан Сибиновски со девет погодоци, додека во екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков со десет погодоци.
(фото-Рк Шампион)📷