Македонскиот Вардар влезе во лоша серија и го доживеа третиот пораз во низа во Лигата на шампионите. Од Скопје со три бода си замина екипата на Кил кој со победа на Вардар се искачи на првото место во групата А во Лигата на шампионите.
Вардар водеше се до почетокот на полувремето, кога првото полувреме беше 13-10 за екипата на Вардар. Во второт полувреме екипата на Кил успеа да се врати за на крај да ги стави конечните 26-29 во СЦ ”Јане Сандански”.
Како најдобар стрелец во екипата на Вардар беше левото крило Тимур Дибиров со десет погодоци,додека кај екипата на Кил најефикасен беше Домагој Дувњак со седум погодоци.
Во следното коло Кил ќе биде домаќин на Алборг,додека Вардар гостува кај Пик Сегед.
Вардар 1961 26-29 Кил
(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)