Македонија Египет

Втор пораз за Македонија од Египет на пријателски натпревар

Машката сениорска репрезентација на Македонија и втор пат загуби од селекцијата на Египет на пријателски натпревар одигран во Каиро, Египет со резултат 31-26.

Во првото полувреме се играше гол за гол, потоа следуваше пресврт на селекцијата на Египет која замина со водство на полувреме. Во второ полувреме Египет ги казнуваше нашите грешки за на крај да извојува победа од пет гола разлика.

Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Филип Талески кој имаше девет погодоци, потоа Цветан Кузманоски имаше седум погодоци.

Египет 31-26 Македонија

(фото-Ракометна Федерација на Египет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.