Вукашин Воркапиќ е нов ракометар на Вардар

Ракометниот клуб Вардар ја потврди официјалната соработка со српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ кој сега е дел од екипата на позицијата десно крило. Тој се обврза на клупска верност до крајот на натпреварувачката 2027/2028 сезона.

Воркапиќ (28), роден во Белград, е искусно десно крило и член на српската репрезентација, со богата кариера во европски ракомет. Пред доаѓањето во Вардар, тој играше за Војводина, каде беше еден од клучните ракометари, настапувајќи во домашниот шампионат, Куп натпреварите и во ЕХФ Лигата на Европа.

Во својата кариера, Воркапиќ го носеше и дресот на Металопластика од Шабац како и во францускиот тим Иври, стекнувајќи значително искуство на високо ниво.

Тој е и репрезентативец на Србија со настапи на Светски првенства, каде што со националниот тим ја претставуваше земјата на највисоко ниво на меѓународна сцена. Беше дел и од последното ЕП во Данска каде постигна 6 гола од 7 упатени шута.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *