Вуко Борозан е нов ракометар на Вардар 1961

Црногорскиот ракометар кој со Вардар во 2017 година стана европски првак, Вуко Борозан повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.

Тој потпиша едногодишен договор со екипата со можност истиот да биде продолжен. Доаѓа како засилување за клубот пред почетокот на сезоната, а следната недела треба да се приклучи на тренизните на екипата.

Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, два Купа, трипати СЕХА лигата.

(фото – Рк Вардар 1961)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *