Екипата на ППД Загреб и ракометарот Вуко Борозан дојдоа до раскин на договорот, откако оваа вест беше потврдена од клубот.
„Ве известуваме дека управата на Рк ППД Загреб го раскина договорот со ракометарот Вуко Борозан. Раскинувањето на договорот доаѓа поради тоа што играчот не можеше да ги исполни договорните обврски”, – стои во соопштението од Рк ППД Загреб.
(фото – Рк ППД Загреб)📷