Габриела Величковска по неколку години поминати на интернационална сцена се враќа во Македонија.
Величковска која има 27 години потпиша за тимот на Куманово, договорот е потпишан на две години и доаѓа од тимот на Ле Пузен.
Таа освен за Ле Пузен настапуваше и за Кот Баске, Металург, Пелистер, Кожувчанка Штип, а настапува и за репрезентацијата на Македонија.
(фото – ЖРК Куманово)📷