Гал Цирар повеќе не е ракометар на Охрид

Екипата на Охрид на социјалните мрежи соопшти дека ракометарот Гал Цирар повеќе не е ракометар на клубот.

Од клубот објавија дека спогодбено е раскинат договорот со ракометарот Гал Цирар кој имаше договор до крајот на сезоната.

“ГРК Охрид ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој неколку сезони успешно го носеше дресот на нашиот клуб. Му благодариме на Цирар за се што направи за ГРК Охрид и му посакуваме успех во неговата натамошна кариера”, – објавија од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *