Гал Цирар: Прилеп е добра екипа

Тимот на Охрид е пред нов суперлигашки предизвик. Во сабота „Гладијаторите” го пречекуваат тимот на Прилеп во рамките на 14. коло од Супер лигата.

Ракометарот на Охрид, Гал Цирар изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Прилеп.

“До крајот на годината не чекаат уште три натпревари. На секој од нив мораме да го покажеме нашиот квалитет и да ги искористиме за да ја подигнеме самодовербата и да изградиме тимски дух. Прилеп е добра екипа, но на нас е добро да се подготвиме за двата бода да останат во Охрид”, – изјави ракометарот на Охрид, Гал Цирар.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *