Ракометарките на Гевгелија забележаа убедлива победа против екипата на Кузман Вардар со конечни 32-20 во плеј-аутот од Супер лигата.
Гевгелија од почетокот на натпреварот го презеде водството, па до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Кузман Вардар.
Најдобар стрелец во тимот на Гевгелија беше Ленче Илкова со десет гола, додека кај екипата на Кузман Вардар најдобар стрелец беше Нина Милевска исто така со десет гола.
(фото – ЖРК Гевгелија)📷