Гевгелија на гостински терен до победа против Кузман Вардар

Ракометарките на Гевгелија остварија победа на гостински терен против тимот на Кузман Вардар со конечни 25-19.

Гевгелија добро го започна натпреварот, и на пауза замина со предност од 15-8. Во второто полувреме Гевгелија продолжи со водството, па на крај да се радува на победа против Кузман Вардар.

Најефикасни во редовите на Гевгелија беа Елена Рипилоска и Симона Динева со по пет гола, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Нина Милевска со десет гола.

(фото – ЖРК Гевгелија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести