Гевгелија победнички против Спартак

Екипата на Гевгелија оствари лесна победа против Спартак со конечни 29-18 во последното коло од плеј-аутот во Супер лигата.

Гевгелија обезбеди предност на полувреме од 14-11. Во второто полувреме Гевгелија ја зголемуваше предноста против Спартак, па на крај да забележи висока победа.

Најефикасна во екипата на Гевгелија беше Елена Димова со осум погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со седум погодоци.

(фото-ЖРК Гевгелија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.