Ракометарките на Гевгелија беа подобри од Кузман Вардар Илинден со убедливи 35-24 во плеј-аутот од Супер лигата.
Екипата на Гевгелија имаше високо водство во првото полувреме, и на полувреме имаше предност од 20-11. Во вториот дел високото водство беше задржано, за на крај Гевгелија да прослави убедлива победа против Кузман Вардар Илинден.
Најефикасна во екипата на Гевгелија беше Драгица Митрова со девет голови, додека кај екипата на Кузман Вардар Илинден најефикасна беше Јована Ангеловска со седум голови.
(фото-ЖРК Гевгелија)📷