Екипата на Гевгелија ја забележа првата победа во Женската Супер лига, откако на домашен терен го совлада Астибо со минимални 27-26.
Иако на полувреме Гевгелија имаше предност од 14-9, сепак на крајот од натпреварот славеше со минимална предност против Астибо.
Најефикасна во редовите на Гевгелија беше Благица Ступар со седум гола, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Сара Кировска исто така со седум гола.
(фото – ЖРК Гевгелија)📷