Ракометарките на Гевгелија со победа се враќаат од гостувањето во Скопје кај Кузман во натпревар од Суперлигата, со резултат 30-24.
Двете екипи во првиот дел одиграа изедначено. На полувреме екипата на Гевгелија замина со предност од три гола разлика 13-10. Во второто полувреме Гевгелија ја контролираше играта и не дозволи да загуби од екипата на Кузман.
Најефикасна во составот на Гевгелија беше Драгица Митрова со десет погодоци, додека кај Кузман најефикасна беше Вања Ангеловска со шест погодоци.
ЖРК Кузман 24-30 ЖРК Гевгелија
(фото-ЖРК Гевгелија)📷