Ракометарките на Гевгелија забележаа победа на гостински терен против екипата на Шампион со минимални 25-26 во натпревар од Супер лигата.
Во првиот дел гостинската екипа беше во предност, и на полувреме замина со 13-14. Во вториот дел се играше гол за гол, но екипата на Гевгелија успеа да забележи минимална победа кај Шампион.
Најефикасна во екипата на Гевгелија беше Драгица Митрова со 11 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Димитриевска со 10 погодоци.
ЖРК Шампион 25-26 ЖРК Гевгелија
(фото-ЖРК Гевгелија)📷