Ракометарките на Гевгелија забележаа висока победа против екипата на Кузман Вардар со убедливи 28-40 во плеј-аутот во Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот Гевгелија го презеде водството, и на полувреме имаше предност од 11-19. Во второто полувреме Гевгелија продолжи да го полни голот на Кузман Вардар за на крај да слави висока победа.
Најефикасна во екипата на Гевгелија беше Елена Димова со 11 погодоци, додека кај екипата на Кузман Вардар најефикасна беше Анастасија Ѓорѓиева со десет погодоци.
(фото-ЖРК Гевгелија)📷