Гевгелија со победа против Овче Поле Славјански Универзитет го започна плеј-аутот

Ракометарките на Гевгелија забележаа победа на домашен терен против составот на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 21-17 во 1. коло од плеј-аут лигата во Женската Супер лига.

Двете екипи играа добро во првото полувреме, но на полувремето предност имаше Гевгелија од 10-7. Во второто полувреме Гевгелија очекувано ја завери победата против Овче Поле Славјански Универзитет.

Најефикасна во составот на Гевгелија беше Стојмановска со пет погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Велковска со три погодоци.

(фото-ЖРК Гевгелија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.