Екипата на Гевгелија ја забележа втората победа во Женската Супер лига, откако го совлада тимот на Скопје со конечни 30-27.
Гевгелија имаше одличен старт во првото полувреме, па на пауза замина со предност од 19-14. Во второто полувреме Гевгелија продолжи со добрата игра, потоа на крај да се радува на победа против Скопје.
Најдобар стрелец во тимот на Гевгелија беше Мери Гичева со девет погодоци, додека кај екипата на Скопје најдобар стрелец беше Јасмина Попова со седум погодоци.
(фото-ЖРК Гевгелија)📷