Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслејтнер во посета на РФМ

Генералниот секретар на ЕХФ, Мартин Хауслејтнер ја посети канцеларијата на Ракометната федерација на Македонија.

По обиколката на просториите воден од Генералниот секретар на Федерацијата, Филип Милошевски, Хауслејтнер се запозна и со тимот кој е ангажиран во македонската куќа на ракометот.

“Вистинска чест и задоволство беше да се разговара на значајни ракометни теми и да се помине квалитетно време со ваков почесен гостин во нашите простории! Господине Хауслејтнер, Ви благодариме на посетата!” – стои во соопштението од РФМ.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.