Репрезентацијата на Германија ја совлада Австрија со 34-29. Најефикасен во составот на Германија беше Тимо Кастенинг со осум погодоци, додека кај селекцијата на Австрија најефикасен беше Себастијан Фримел со осум голови.
Домаќинот на Еврпското првенство Унгарија славеше минимална победа против Португалија со 31-30. Најдобар стрелец во Унгарија беше Доминик Мате со осум погодоци, додека кај Португалија најдобар стрелец беше Руи Силва со пет погодоци.
Резултати од 2. коло од Европското Првенство (мажи):
Германија 34-29 Австрија
Унгарија 31-30 Португалија
Белорусија 20-29 Полска
Исланд 29-28 Холандија
Чешка 27-19 Босна и Херцеговина
Македонија 24-28 Црна Гора
Франција 36-23 Украина
Словачка 31-26 Литванија
Хрватска 23-20 Србија
Норвешка 22-23 Русија
Словенија 23-34 Данска
Шпанија 32-28 Шведска

(фото-ЕХФ)📷