Новиот тренер Гиљермо Милано пристигна во Скопје и веќе ги води тренинзите на екипата на Вардар.
Милано имаше неколку тренинзи со тимот и лично се запозна со секој од ракометарите. Екипата тренира во „Јане Сандански“, а поштеда имаат само неколкумина ракометари кои се жалат на ситни повреди.
Милано треба да дебитира на клупата на „црвено-црните“ во сабота на мечот против Струга од 11. коло на Супер лигата.
(фото – Рк Вардар 1961)📷