Гиљермо Милано: Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите

Аргентинецот Гиљермо Милано почна да ги води тренинзите на Вардар и веќе во сабота на гостувањето во Струга треба да дебитира на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб.

“Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав и првите тренизни со екипата. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични, и очекувам, и знам дека ќе напредуваме на секое поле. Не очекува период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успееме во исполнување на поставените задачи”, изјави Милано.

Дел од ракометарите кои настапуваа за своите национални репрезентации се пожалија на мали повреди и тие ги пропиштија првите тренинзи неделава, но набрзо ќе се приклучат на екипата.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *