Поранешниот играч на Вардар, Глеб Калараш во текот од сезоната ќе смени клуб. Тој во текот на сезоната од екипата на Балинген продолжува во екипата на Мелсунген, кој предводник е Роберто Гарсија Парондо.
Рускиот пикер се договори со екипата на Мелсунген за соработка до крајот на сезоната, со можност истиот договор да се продолжи, екипата на Балинген се сложи да го пушти Глеб Калараш, и да соработува повторно со Роберто Гарсија Парондо. Тимот на Мелсунген со пикерот Глеб Калараш добива добар, одличен и искусен дефанзивец во одбраната.
Парондо и Калараш ќе соработуваат многу добро, а и двајцата се познаваат затоа што двајцата соработуваа во дресот на Вардар, Калараш како играч, додека Парондо како тренер на екипата.
Екипата во текот, а и во целата сезона се засилува добро со квалитетни засилувања, што значи ќе биде добар конкурент во лигата и погоре во табелата од лигата.
(фото-Рк Мелсунген)