Глигор Гајиќ останува во Голден Арт до 2024 година

Поранешниот јуниорски репрезентативец и капитен на старо новиот член на нај квалитетното домашно ракометно натпреварување, Голден Арт, Глигор Гајиќ го продолжи договорот со клубот за наредните две години.

Стружанецот пристигна во Голден Арт во јуни 2020 година и притоа се профилираше во еден од носителите на играта на тимот, а со својата посветеност, професионалност и верност, од стартот на последната сезона го заслужи и статусот, капитен на клубот.

„Задоволен сум што ја остваривме целта и експресно се вративме во супер лигата, чест ми е што ја продолжуваме соработката со клуб кој премногу вложува во македонските играчи и придонесува за развојот на ракометот во Македонија. Гледам само позитивно и оптимистички за иднината на клубот во супер лигата, ќе работиме напорно, професионално и заедно чекориме кон нови успеси во супер лигата“ – изјави Гајиќ.

Глигор Гајиќ својата ракометна кариера ја стартуваше во родната Струга, од каде премина во скопски Металург, настапуваше и за Работнички, а последните две години настапуваше за Голден Арт. Договорот со тимот на Голден Арт е со важност до јуни 2024 година.

(фото-Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести