Искусниот чувар на мрежата Златко Даскалоски и еден од играчите со најголем стаж во клубот Давид Даев и следната година ќе бидат дел од Голден Арт.
Давид Даев кој е дел од Голден Арт од самото формирање на клубот, последните години се профилира во стандарден член и важен дел од тимот, како во одбрана, така и во напад. 22-годишниот Даев потпиша договор со клубот со важност на две години.
Златко Даскалоски, поранешниот чувар на мрежата на националниот тим, пристапи на тимот пред две сезони, носејќи стабилност и квалитет на голот на тимот од Аеродром.
Даскалоски се договори со клубот за соработка во период од една година, до следниот јуни 2024 година.
(фото – Рк Голден Арт)📷