Екипата на Голден Арт од денеска го започна тренажниот процес за престојната натпреварувачка сезона 2023/2024.
На првиот собир клубот беше во полн состав, со 27 играчи од кои тројца нови и 11 младинци кои лани беа шампиони на Македонија.
Првиот дел од подготовките ќе се одвива во Скопје во СЦ “Јане Сандански”, потоа клубот заминува во Струга. Следната станица ќе биде Охрид и учеството на турнирот “Крсте Андоновски- Усташ”.

(фото – Рк Голден Арт)📷