Голден Арт го освои Неготино

Ракометарите на Голден Арт забележаа победа на гостувањето кај екипата на Вардар Неготино со резултат 26-24.

Тензичната атмосфера во исполнетата сала “Кирил и Методиј” и поддршката од домашната публика не беа доволни неготинци да ги освојат првите бодови во новата сезона.

Натпреварот во 8-та минута ескалираше со физички дуел кога играчот на Голден Арт, Миланов беше буквално давен од играчот на Вардар, Кериќ. Момент на кој капитенот Даев изреагира непромислено и доби директен црвен картон. Истата одлука судиите ја имаа и за Кериќ.

Домаќинот до 47 минута имаше постојано водство, тогаш момците на Голден Арт за прв пат поведоа со 20:21. Три минути пред крајот на натпреварот резултатот беше 22:25, за конечен 24:26.

Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Мице Шилегов со девет гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со осум гола.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести