Голден Арт ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната, како дел од плеј-аутот, со амбиции за опстанок во супер лигата и учество во истата и во следната натпреварувачка сезона.
Според претходно изготвен план и програма, екипата подготовките комплетно ќе ги реализира во Скопје, со комбинирани тренинзи во сала, фитнес сала и на отворено.
Покрај тренинзите, со стартот на првенството екипата ќе одигра четири подготвителни натпревари со екипи од супер лигата.
Ростерот на играчи со кој ќе располага шефот на стручниот штаб, Никола Матлиески, засега останува непроменет, со исклучок на заминувањето од клубот на Тони Јакиќ, кој својата кариера ќе ја продолжи во членот на премиер лигата на нашиот јужен сосед, ЕСН Врилисија Атина.
(фото – Рк Голден Арт)📷