Голден Арт им се врати на победите, совладана Струга

Тимот на Голден Арт забележа триумф на гостувањето во Струга со резултат 34-29 во плеј-аутот од Супер лигата.

Со сигурна игра во текот на целиот натпревар Голден Арт забележа важен триумф на гостувањето кај Струга. Тренерот Владимир Глигоров во последните минути од натпреварот им даде можност на сите играчи кои ги имаше на располагање.

Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Јанковски со осум гола, додека кај екипата на Струга најефикасни беа Бугариновиќ и Цветаноски со по шест гола.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести