Ракометарите на Голден Арт забележаа победа на гостувањето во Штип кај екипата на Текстилец со убедливи 11-35 во натпревар од Првата лига.
Голден Арт од почетокот на натпреварот направи добра и висока серија, и на полувреме замина со предност од 5-20. Во вториот дел гостинската екипа разликата ја направи уште поголема, за на крај да слави со убедлива победа против Текстилец.
Најефикасен во екипата на Голден Арт беше Симон Гучески со шест погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Милисав Петров со три погодоци.
(фото-Рк Голден Арт)📷