Со убедлив триумф на домашен терен, Голден Арт, се реваншираше за поразот на гостински терен против Вардар Неготино со резултат 36:25.
Иако конечниот резултат покажува убедлива разлика во погодоци, стартот на натпреварот им припадна на гостите од Неготино кои поведоа и го одржуваа водството до пред самиот крај на првиот дел.
Вториот дел стартуваше со одлична игра на Голден Арт, а тоа резултираше со константно зголемување на водството до максимални 11 погодоци разлика, со која и заврши натпреварот.
Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Христијан Милошески со седум гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Лазар Адамовиќ со 11 гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷