Голден Арт останува без Пеце Рајатоски кој се сели во Германија

Пеце Рајатоски кој има 27 години и настапува на десно крило, а по некогаш и на десен бек ја напушта екипата на Голден Арт и се сели во Германија.

Неговиот нов клуб ќе биде Зулбах-Розенберг.

Екипата на Голден Арт му се заблагодари за досегашната соработка на Пеце Рајатоски.

„Иако Рајатоски е многу важен за нашиот колектив и ќе недостасува за поголема конкурентност на клубот во остварување на амбициите за сезоната која е во тек, Голден Арт го прифати барањето на ракометарот Пеце Рајатоски, кој кариерата ќе ја продолжи во Германија. Клубовите меѓу себе се договорија за премин на ракометарот во новата средина со надеж дека во иднина таа соработка ќе се издигне на повисоко ниво. Благодарни сме за неговиот придонес и очекуваме Рајатоски достојно да го преставува клубот и Македонија во странство“ , изјави Сашко Даев, претседател на клубот.

(фото – Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести