Екипата на Јуниор Кисела Вода го совлада тимот на Голден Арт на домашен терен со резултат 22-18 во натпревар од 9. коло од плеј-офот во Супер лигата.
Тимот на Голден Арт добро го започна натпреварот, но екипата на Јуниор Кисела Вода добро се носеше со играта на Голден Арт, па на крај да се радува на триумф.
Најдобар стрелец во тимот на Јуниор Кисела Вода беше Дарио Симоноски со осум гола, додека кај екипата на Голден Арт најдобар стрелец беше Христијан Милошески со шест гола.
(фото – Рк Јуниор Кисела Вода)📷