Екипата на Голден Арт забележа победа против тимот на Куманово со резултат 28-26 во натпревар од плеј-аутот од Супер лигата.
Домаќинот одлично го стартуваше натпреварот, со стандардна 6-0 зона, додека одличниот Петар Виларов на голот, и после 15 минути имаше +4 погодоци, а на семафорот стоеше 7:3. До крајот на полувремето се играше гол за гол и на паузата се замина со резултат 15:12.
Во 45 минута на семафорот стоеше 19:22. Од тој момент, со неколку измени, пред се во одбранбената формација, подржана од Виларов на голот, за 10 тина минути Голден Арт комплетно го сврти резултатот во своја корист и на 2 минути пред крајот Голден Арт направи недостижни 27:23. Последните минути беа формалност за Голден Арт да ја заврши работата.
Најефикасни во редовите на Голден Арт беа Ивица Илиев, Христијан Милошески и Дејан Гошевски со по пет гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Немања Ѓурашковиќ со осум гола.
(фото – Рк Голден Арт)📷