Тимот на Голден Арт забележа победа против екипата на Скопје 2020 со конечен резултат 29-27 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Екипата на Голден Арт го презеде водството во првото полувреме, и на пауза замина со предност од 16-14. Во второто полувреме екипата на Скопје 2020 се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасни во тимот на Голден Арт беа Миланов и Јанковски со по шест погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Киселовски со 11 погодоци.
(фото – Рк Голден Арт)📷