Екипата на Голден Арт оствари лесна победа против екипата на Драчево со конечни 28-39 во плеј-офот во Првата лига.
Голден Арт имаше контрола на резултатот, па на полувреме замина со предност од 14-19. Во второто полувреме на теренот доминираше Голден Арт, па на крај гостите да забележат триумф против Драчево.
Најефикасен во екипата на Голден Арт беше Ивица Илиев со девет гола, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Димитар Петковски исто така со девет гола.

(фото-Рк Голден Арт)📷