Велешанецот Зоран Стојановски е најновото засилување во редовите на Голден Арт, кој доаѓа од екипата на Радовиш.
Зоран Стојановски кој 18 години е во овој спорт, и игра на позиција лево крило. Играч кој своите почетоци ги има на 13 годишна возраст во Борец, Овче Поле, Радовиш. Искусниот Стојановски 11 години е дел од македонската суперлига.
„Голема благодарност за укажаната доверба на управата да бидам дел од овој клуб. Со задоволство ја прифатив понудата да играм за Голден Арт, клуб кој инвестира во македонски ракометари, ракометен субјект кој работи според девизата 100% македонски ракометари. Тоа вреднување и вложување во домашни играчи е за почит, поздрав и поддршка. Екипата е релативно млада со 1 до 2 играчи кои имаат подолг ракометен стаж, сигурен сум дека со моето искуство ќе придонесам за уште поголеми успеси на клубот”, – изјави Зоран Стојановски.
(фото – Рк Голден Арт)📷