Ракометарите на Голден Арт забележаа висок триумф против Овче Поле со резултат 47-13 во Купот на Македонија.
Куриозитет на овој натпревар е голгетерскиот пост на гостите од Свети Николе, кои дури во 24 минута од првиот дел го постигнаа првиот погодок. На семафорот стоеше 17:1.
До крајот на натпреварот резултатот само се зголемуваше од минута во минута, во полза на домаќинот.
Најефикасен во тимот на Голден Арт беше Симон Гучески со 12 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Марко Трајчев со четири погодоци.
(фото – Рк Голден Арт)📷