Ракометарите на Голден Арт ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата, каде тимот ќе настапува во плеј-аутот.
Амбициите на тимот се јасни, уживање во играта, собирање на што повеќе бодови и освојување на лидерското место во плеј-аут фазата. Составот на тимот сега за сега е непроменет, и во пролетниот дел од првенството, тренерот Филип Глигоров ќе ги има играчите со кои ја започна натпреварувачката сезона во септември.
Помошникот и кондиционен тренер Марко Нелоски ги стави во погон играчите кои имаат утрински тренинзи во теретана и работа според планираната програма. Попладневните тренинзи се резервирани за во сала, а тренинзите ќе се одвиваат секоj ден. Според плановите на стручниот штаб Голден Арт ќе одигра и неколку пријателски средби пред почетокот на првенството.
(фото – Рк Голден Арт)📷